С. Македонија, додаде Заев, нема ниту дилема дека секое време имало свои специфики во сите земји.
-Ние немаме проблем со отворање на нашите историски архиви. Денеска приложивме декларација од 2006 година што е донесена од нашиот македонски Парламент, осудувања на постапките од времето од 1945 до 1990 година кои се случувале врз сите граѓани од тогашниот комунизам, вклучително и граѓаните со бугарска определба во државата и тоа го приложивме денеска. И немаме дилема дека секое време имало свои специфики во сите земји, така и во РС Македонија, рече Заев.
Премиерот Заев напомена дека земјава во моментов има и свој специјален претставник во Бугарија, а во тек е и постапка, како што додаде, именување амбасадор.
-Ние имаме секако овде и специјален претставник, Владо Бучковски кој доаѓа и разговара. Во постапка сме на именување амбасадор зашто консултациите кај нас покрај со претседателот на државата коалиционо внатре траат, а имаме и мултиетничка коалиција, а и коалиција од 26 политички партии и на крајот тоа поминува и низ Парламентот каде што претседател на Комисијата е еден од потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски. Не е ова лесно да го направиме и затоа и специјален претставник избравме, Бучковски, кој може да биде од помош и тој е често тука. Тој е универзитетски професор и доаѓа тука и навистина е од помош и верувам дека помага дефинитивно, нагласи премиерот Заев.
Тој ја предводи македонската делегација на денешните средби со Јанев и бугарскиот претседател Румен Радев, а целта на работната посета на Софија е интензивирање на напорите за наоѓање решенија за отворените прашања и деблокада на македонскиот евроинтерграциски процес. Посетата се случува една недела пред состанокот на Советот за општи работи на 22 јуни и пред Самитот на ЕУ на 24 и 25 јуни. Во македонската делегација, покрај Заев се и вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи.