Едно лице загинало, две лица се водат како исчезнати, а 24 се повредени по поплавите кои предизвикале силни дождови кај Јалта на Крим, потврдила градоначаланичката Јанина Павленко.
Невремето со обилни врнежи проследени со силен северозападен ветер започнало во четвртокот на Крим, повеќе од 22.000 домаќинства останале без електрична енергија, а локалните власти прогласиле вонредна состојба, пренесува “Tass”.
На социјалните мрежи се појави и видео на кое се гледа гувернерот на Крим како заминува во посета на поплавените предели и заедно со своите телохранители плива за да ги посети оштетените подрачја.
Павленко потврдила дека вакво невреме, проследено со обилни врнежи, на Крим не е забележано уште од 1922-ра година.
Оштетени се стотина куќи ширум Кина, на Јалта се поплавени 13 хотели, а во два од нив била издадена и наредба за евакуација.
Во тек се активности за расчистување на последиците од оваа елементарна непогода.