Шведската Партија на левицата соопшти дека утре ќе гласа против премиерот Стефан Ловен при гласањето за доверба на шефот на Владата, со што тој најверојатно ќе биде првиот премиер кој е сменет во Парламентот.
– По известувањето кое го добивме денеска, Партијата на левицата ќе му даде црвено светло на Стефан Ловен, изјави на прес-конференција лидерот на Партијата на левицата, Нуши Дадгостар.
Ловен се наоѓа на премиерската функција од 2014 година и е лидер на Социјалдемократската партија.