Пасоши, регистарски таблички и лични карти нема, велат ВМРО-ДПМНЕ

П

Пасоши, регистарски таблички и лични карти нема, освен за блиските на власта. Владата на Заев не ја извршува ниту основната функција на државата, а тоа е пружање на услуги за издавање на лични документи и други материјали на граѓаните, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија 28.06.2021. 10:10

Од партијата посочуваат дека веќе цел месец има застој во издавањето на лични документи. Владата дојде до тоа дереџе да го продолжува рокот на важење на веќе изминати пасоши затоа што не е способна да направи нови.

-Но граѓаните се соочуваат и со внатрешен проблем. Голем број на граѓани не можат да извадат лични документи затоа што МВР на Спасовски се неспосбни, а институциите или банките не им ги признаваат личните документи со истечен рок. Кој ќе им ја надомести штетата на тие граѓани што не можат да функционираат во правниот промет? Повеќе од месец дена има застој во издавањето на пасоши и лични карти. И затоа мора да има одговорност. И додека народот чека и губи и време и пари затоа што не може да учествува во правниот промет во државата, блиските до Заев доаѓаат до пасоши и до лични карти, стои во соопштението на партијата.

Цел месец нема ниту регистарски таблички. Граѓаните кои купиле ново возило и треба да заминат во странство не можат да го сторат тоа ако не се блиски со Заев и СДСМ за да добијат таблици.

Време е да ставиме крај за граѓаните од прв и втор ред, Македонија за сите луѓе!


Останати вести од Македонија

Подкаст

Подкаст