Украина вчера во драматичен натпревар по две продолженија ја совлада Шведска со 2:1 и за прв пат во својата фудбалска историја обезбеди пласман меѓу осумте најдобри репрезентации на Европските првенства.
Победоносниот гол што и донесе на Украина четвртфинална пресметка против Англија, закажана за в сабота во Рим, го постигна Артем Довбјук во 121 минута.
Украинскиот премиер Денис Шмигал претседаваше со владината седница облечен со репрезентативниот дрес со бројот седум, што го носи капитенот Андриј Јармоленко.