Во овој оглас кој наводно е нарачан од премиерот на Унгарија, се бара намалување на моќта на Европската унија, се бара одлуките да бидат носени од народните избраници во Унијата, наместо меѓународните невладини организации, а се повикува и на проширување на ЕУ со 7-та точка од барањето, каде се бара Србија да биде примена во европското семејство.

Платениот оглас содржи седум предлози:

1. Во Брисел градат таква супердржава за која никој не дал овластување. Ние велиме „не“ на европската империја.

2. Интеграцијата е средство, а не цел само по себе. Од темелните договори на ЕУ треба да се избрише целта за „потесна унија меѓу народите во Европа“

3. Одлуките треба да ги носат избрани лидери, а не меѓународни невладини организации! Ние велиме „не“ за аутсорсинг на владеењето на правото.

4. Силата на европската интеграција е обезбедена со заеднички економски успеси. Ако не можеме да бидеме поуспешни заедно отколку индивидуално, тогаш тоа е крајот на Европската унија.

5. Следната деценија ќе биде период на опасни предизвици: ни се закануваат масовни миграции и пандемии. Ние мора да ги заштитиме луѓето во Европа.

6. Ние мора да ја вратиме европската демократија. Европскиот парламент се покажа како ќорсокак: тој ги претставува само неговите сопствени идеолошки и институционални интереси. Улогата на националните парламенти треба да се зголеми.

7. Србија треба да биде примена во Европската унија.