-Со Бугарија имаме решение кое е прифатливо за двете страни. Сакам да верувам, не можам да потврдам но сакам да верувам дека и овој пат не добивме зелено светло затоа што немаат парламент и немаат политичка Влада, заради тоа што знам што разговарав во Бугарија и знам дека се адресирани грижите на Бугарија и нема друго решение освен да оставиме времето да покаже дека искрено сакаме да градиме пријателство со нашиот источен сосед Бугарија, посочи Заев во интервју за ТВ21.