Во продолжение текстот од неговата прес-конференција:
Тоа беше причина да околу 40 илјади македонски граѓани заминат во странство, и тоа пред се во соседна Србија и таму да се вакцинираат. Негрижата на нашата власт ги принуди на дополнителни трошоци за патување и престој, иако овие луѓе целиот свој живот плаќале даноци и здравствено осигурување во Македонија. Едноставно не им беше испочитувано загарантираното уставно право за здравствена заштита со кое што граѓанинот има право и должности да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите, Владата не успеа ова право да им го овозможи.
Заради тоа ВМРО-ДПМНЕ бара со закон по скратена постапка на овие граѓани кои не по своја вина, мораа својот спас и сопствената вакцинација да ја побараат во странство, да им бидат рефундирани средствата за реалните трошоци направени за време на вакцинацијата надвор од Македонија.
Повикуваме Собранието, сите пратеници, да ја подржат оваа иницијатива, да ја исправат неправдата кон своите граѓани која што им ја направи и им ја нанесе нефункционалниот систем и неодговорноста на истиот и неодговорноста на нашите власти. Овие граѓани беа одговорни и го направија својот чекор за заштита на сопственото здравје и здравјето на сопствените блиски, и секако за јавното здравје односно здравјето на сите останати. Доколку власта обезбедеше доволно и навремено вакцинации, тие немаше да има потреба да патуваат, и да се изложуваат на дополнителни трошоци и да се вакцинираат во странство. Доколку кај нас почнеше навремена и масовна вакцинација, како во повеќето земји во Европа ќе ги спасевме граѓаните од малтретирање и ќе спасевме повеќе животи.