Ако се споредат податоците од мај минатата година и мај годинава, бројот на невработени се зголеми за 14.191 лице, од ланските 42.194 лица на 56.385 лица, додека стапката на невработеност се зголеми од 17,89 проценти на 24,3 проценти, пишува Побједа.

-Според официјалната статистика, најголем пад на бројот на вработени е забележан во активностите на трговија на големо и мало и поправка на моторни возила и мотоцикли. На крајот на 2019 година, во овие активности имало 39.834 вработени, додека на на крајот на 2020 година имало 34.922 регистрирани вработени, изјави за Побједа, заменик генералниот секретар на Унијата на независни синдикати на Црна Гора, Ивана Михајловиќ.

Таа додаде дека токму во тие активности има најмногу договори за вработување на определено време, кои не се продолжени на значителен број вработени поради пандемијата со Ковид-19.