Од ГП Табановце не известија дека на граничните премини, од македонска страна, на ГП Табановце бележат задржување од 45 минути до 1 час, стои во дневниот билтен на Регионалниот центар за управување со кризи.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од АМСМ.
– Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, стои во извештајот на Автомото сојузот на Македонија.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.