Изменет режим на сообраќај во Скопје поради снимање филм
И
Министерството за внатрешни работи известува дека денеска, 9 јули, во периодот од 16 до 20 часот, поради снимање филм, улицата „Козара“ во Капиштец ќе биде затворена за сообраќај.
Сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
Од тие причини, Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.