Гласањето е наша одговорност и можност преку партиите да ги покажеме нашите желби и визии за изградба на власт и за транспарентно управување во интерес на Бугарија … Од нас зависи иднината на земјата, нејзините социјални, образовни, економски политики, ги повикувам сите масовно да гласаат, додаде тој.
– Се надевам дека ќе се формира кабинет по изборите. Сè зависи од предвидлив и стабилен кабинет. Ние ја покажавме нашата решеност да го сведеме на минимум купениот глас. Во моментов има масовно полициско присуство низ целата земја, ја пренесува Бгнес изјавата на Јанев.