Луѓето беа револтирани што никој не воведува ред, а ниту се почитуваа здравствените протоколи.
Од Министерството за здравство соопштија дека граѓаните кои немаат закажано термин, првата доза вакцина ќе може да ја примат во пунктовите во здравствените, домови, болници или поликлиники во градовите, односно во постоечките вакцинални пунктови во здравствените установи. Во спортските сали, ќе се врши масовна ревакцинација и таму нема да се вакцинираат граѓани кои немаат термин за вакцина.
Утринава на отворањето на новиот вакцинален пункт во Шуто Оризари министерот за здравство Венко Филипче рече дека на некои места имало гужви, но немало инциденти.
Сепак, од реакциите на граѓаните, впечатокот е дека денес здравствените работници не биле подготвени за масовно вакцинирање и не обезбедиле луѓе кои би се грижеле за редот.
Во Скопје вакцинирање без закажан термин, има во поликлиниките „Јане Сандански“, „Букурешт“ и „Чаир“, кои ќе работат од 7:30 до 19:30 часот.