Собарка ги пронашла телата. Полицијата во Мајами Бич започна истрага. Причината за смртта, мотивите и идентитетот на жртвите сѐ уште не се откриени.

Инаку, денеска се одбележува 24-годишнината од убиството на модниот дизајнер Џани Версаче. Тој беше убиен пред прагот на својот дом во Мајами Бич, 1997 година, од серискиот убиец Ендрју Кунанан.

Вилата каде што беа пронајдени телата – „Каза казуарина“ е изградена 1930., а Версаче ја купи во 1992 година. Таа е хотел од 2015 година.