Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во понеделникот му се јавил на новиот израелски претседател Исак Херцог да му честита за стапувањето на должноста.
Челик по состанокот на АК партијата рече дека по телефонскиот разговор било заклучено дека треба да се направи напредок во некои прашања и да се преземат чекори кон решавање на проблематичните области.
За време на телефонскиот разговор, еден ден откако палестинскиот претседател Махмуд Абас ја посети Анкара, Ердоган му рече на Херцог дека го цени дијалогот и дека турско-израелските односи се клучни за регионалната стабилност.
Анкара, патем, ја осудува израелската окупација на Западниот брег и третманот на Палестинците, додека Израел ја повикува Турција да се откаже од поддршката за милитантната палестинска група Хамас, која управува со Газа.