Сообраќајот на патниот правец Куманово-Крива Паланка беше речиси два часа во застој поради сообраќајна незгода што се случила утринава околу десет часот на магистралниот пат А2, помеѓу две товарни возила.
-Утринава, околу 9:40 часот во Одделението за внатрешни работи Крива Паланка било пријавено дека на магистралниот пат Ранковце-Крива Паланка кај место викано Просеченик, Општина Ранковце, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „мерцедес“ со турски национални ознаки и товарно моторно возило „волво“ со тетовски регистарски ознаки. Поради тоа сообраќајот беше во прекин до 11:40 часот, информира портпаролот на СВР Куманово, Ивана Младеновска.
Увидот на местото на незгодата се уште е во тек.