Заради инцидентот со „црниот јастреб“, романските воздушни сили ги откажаа денешните планирани проби поврзани со Денот на авијацијата, 20 јули.
Хеликоптерот, кој исто така беше планиран да учествува на церемонијата, одеднаш почна да ја губи висината, а пилотот беше принуден да слета на една од главните улици во Букурешт во близина на плоштадот Шарл де Гол.
За време на слетувањето, хеликоптерот директно оштетил едно комбе и срушил неколку столбови за улично осветлување, а еден од нив паднал во паркиран автомобил. Нема повредени цивили.