Четиригодишно дете синоќа со автомобил прегази пешак во Монако. Повредениот човек беше префрлен во болница во Ница, каде беше опериран и не е во животна опасност.
Несреќата се случи пред хотелот Париз во Монако, каде претстојува сопственикот на автомобилот Бентли и неговото семејство од Ерменија.
Полицијата соопшти дека возачот излегол од автомобилот за да го предаде клучот на лицето кое ги паркира возилата. А детето од задното седиште се префрлило напред и ја пристиснало педалата за гас. Автомобилот се придвижил при што удрил во пешак, кој во моментот излегувал од хотелот.
Се уште е непознато како автомобилот се придвижил ако биле отстранет клучот, а возачот не се сеќава дали го изгаснал моторот. Во тек е истрага за несреќата.