Земјоделците очекуваа прес конференција на која власта ќе каже кога ќе бидат исплатени субвенциите и зошто уште не се исплатени дел од 2017, 2018 и 2019 година и кој ќе понесе одговорност за тоа, а не да лажат за наводна помош, обвинија денеска од ВМРО ДПМНЕ.
Власта им должи на земјоделците, а никој не презема одговорност.
Заев кој во 2016 година дојде на власт лажејќи дека ќе има сигурен откуп и високи откупни цени за земјоделските производи сега никаде го нема и ги остави земјоделците на маргините.Со СДСМ земјоделците секоја година го фрлаат родот на буниште, во канал или езеро. Ако беше се розево како што тврди СДСМ немаше стотици тони производи секоја година да одат на буниште. Земјоделецот ги живее најтешките 4 години од својот живот. Со СДСМ нема една инвестиција, еден проект или мерка, стои во соопштението на партијата.