Стефан Василевски, лекар и национален консултант во УНИЦЕФ МК ќе разговара со тројца гости со високо познавање на темата. Гостите доаѓаат од 3 клучни сегменти на темата:
• здравство и наука (првите борбени линии);
• економија (последиците од кризата);
• новинарство (инфодемија).
ЕКСКЛУЗИВНО: Ќе имате шанса да поставите прашање бидејќи подкастот ќе биде во живо!
Кои се гостите и зошто не треба да го пропуштите подкастот?
1. Бојан Панчевски, The Wall Street Journal
Панчевски е новинар кој моментално работи за The Wall Street Journal, а бил и редовен соработник на „Тајмс“, „Телеграф“, „Дејли меил“ и слични светски брендови во полето на медиуми. Тој е ко-автор на книгата The Crimes of Josef Fritzl: Uncovering the Truth – всушност Бојан Панчевски е првиот новинар кој известува за познатиот случај во Австрија за кој сте сигурно сите запознати – монструмот Жозеф Фрицл кој ја затворил својата ќерка 24 години во безвоздушна зандана и силувајќи ја направил седум деца со неа. Панчевски беше првиот репортер на англиски јазик кој го откри случајот Јозеф Фрицл и оттогаш ја покриваше приказната за повеќето од британските национални весници, како и за телевизиските и радио мрежите ширум светот. Редовно покрива теми поврзани за пандемијата вклучувајќи и резиме од изјавите на основачите на Pfizer/BioNTech кои дадоа ексклузивно интервју за The Wall Street Journal. Покрај тоа, Бојан директно известува за последните случувања со поплавите од Германија и улогата на климатските проблеми во нивното настанување.
Препорачани статии од Бојан Панчевски:
• Why the Covid-19 Pandemic Weakened Far-Right Groups in Europe
• BioNTech Founders Expect Covid-19 Pandemic to Last Until Mid-2022
• How a Couple’s Quest to Cure Cancer Led to the West’s First Covid-19 Vaccine
• Climate Debated After Flooding in Germany
2. Кристина Михајловски, докторка по Јавно здравје од Белград дипломирана и работи на Универзитетот во Лас Вегас.
Д-р Кристина уште во своите студентски денови беше предводник во креирање на здравствени политики во одделот за Јавно здравје, претставувајќи ја цела Србија во најголемата организација за млади лекари и студенти по медицина ИФМСА.
Моментално Кристина живее во можеби „најлудиот“ град во светот Лас Вегас. Работи со научен тим кој покрај тоа што истражува трансмисија на вирусот КОВИД-19 низ воздух и останати средини, работат и на дигитално следење на состојбата и трансмисијата низ луѓето. За нејзината одлична работа доби и специјален орден (награда) за една од најдобрите лекари во Западна Америка за следење на трансмисијата.
Во моментов во Лас Вегас се одржуваат најлудите забави во светот, а скоро во Србија се одржа и фестивалот EXIT. Со Кристина покрај медицинскиот и научен дел за КОВИД како и неговата трансмисија на забави, фестивали и слично, ќе разговараме и за влијанието на климатските промени за полесна трансмисија на болести и нивно ширење. Дали новата деката и новиот свет ќе не направат повулнерабилни на нови болести и нивни мутации.
3.Филип Јолевски, економист за Светска Банка.
Јолевски е економист во Светска Банка кој моментално работи во Вашингтон. За време на пандемијата Филип имаше шанса да работи на истражувања на економскиот аспект од пандемијата со што покрај Кристина (медицинскиот), Бојан (новинарскиот), сега имаме и човек од економскиот сектор со што би биле комплетно покриени за денешната тема – Светот пост-пандемијата.
Со Филип ќе разговараме за неговите истражувања, за тоа како коронавирусов имал ефект врз економијата, посебно врз приватниот сектор.Дел од истражувањата и анализи на Филип кои се вредни да се прочитаат:
• The Impact of COVID-19 on Firms in N Macedonia (English)
• Survival of Firms during Economic Crisis
• Western Balkan Regular Economic Report Spring 2021
ПОДКАСТ: Сабота, 24ти јули во 18:30 часот. Во живо на Facebook страната на Радио Лидер.
Поставете прашања во коментар. Најдобрите и најинтересни ќе бидат избрани и поставени до гостите.