Министрите без портфолио кои претходно ја споделуваа одговорноста за привлекување странски директни инвестиции беа отпуштени и сега ова е координарано од канцеларијата на заменик министерот за економија, така што процесот е поедноставен. Во напорите да се справи со корупцијата, државната Комисија за спречување корупција започна голем број истраги поврзани со корупција, вклучувајќи и истраги поврзани со високи официјaлни лица.
Ова се наведува во извештајот за инвестициската клима во С. Македонија за 2020 година објавен денеска од американскиот Стејт департмент.
Оттаму посочуваат на неколку перспективни области кои инвеститорите треба да ги набљудуваат во 2021 година.
-Амбасадата во 2020 детектираше дека информациско-комуникациските технологии е област во развој зрела за американски инвестиции бидејќи Владата неодамна се фокусираше на обезбедување подобра клима за технолошки развој. Географската положба е предност ако компаниите разгледуваат можност за блиско отварање производство (near-shoring), со што нивните производи се достапни за конзумација многу поблиску до Европа. Ова е посебно важно по намаленото производство во светот во 2020 поради пандемијата, се вели во изештајот.
Се укажува дека пандемијата на Ковид-19 изврши силен удар врз економијата на земјата и незината способност да прифати странски инвестиции.
-Иако напорите на Владата да го пренасочи производството за најпотребни стоки и да ги контролира цените од почетокот на пандемијата завршија, ограничувањата на движењето на луѓето и значајното зголемување на невработеноста ја ограничија потрошувачката и ги намалија услугите за отварање бизнис, се наведува во извештајот.
Се додава дека пандемијата остро го запрела растот на БДП, од зголемените 3.9 отсто во 2019 до налаување од 4.5 отсто во 2020 година, „иако во март Владата прогнозираше раст на БДП од 4.1 отсто“.
-Вирусот најверојатно, иако засега е непознато, може да има долготрајно влијание на економијата во текот на 2021 година и потоа, пишува во извештајот.
Сепак, извештајот посочува дека целокупната регулаторна рамка на земјата останува сложена и честите регулаторни или законски измени, заедно со неконзистентното токкување на правилата, создаваат непредвидлива бизнис клима подложна на корупција.
– Иако правната рамка за инвестирање во С. Македонија во голема мерка е во согласност со меѓународните стандарди и странските инвеститори се третираат исто како и домашните, проблем е корупцијата, се додава во извештајот.
Стејт департментот истакнува дека Северна Македонија, која е апсирант за влез во ЕУ и земјата стана членка на НАТО во 2020 година, продолжува да биде приемчива на комерцијалните инвестиции од САД.
Привлекувањето на СДИ, се посочува во извештајот, е еден од главните столбови на Владата за економски раст и создавање работни места, иако пандемијата ги спречи владините претставници за лични средби со потенцијалните инвеститори во 2020 година.
Се вели дека нема дискриминаторски закони или практики кон страннските инвеститори.
-Во 2018 година Владата усвои „План за економски развој’, кој обебзедува доволно иницијативи за страските компании кои работат во 15 слободни економски зони познати и како Технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ), се додава во извештајот.
Се посочува и дека Извештајот за деловно работење на Светска банка во 2020 година ја рангираше Северна Македонија на 17-то место во светот за водење бизнис, со пад од седум места споредено со претходната година. Фич го намали претходниот кредитен рејтинг на Северна Македонија од BB+ со стабилна перспектива во BB+ со негативна перспектива, а Стандард и Пурс го потврди својот кредитен рејтинг на BB- со стабилна перспектива. Крупните странски компании ангажирани во ТИРЗ генерално известуваат за позитивни инвестицикси искуства и оддржуваат добри односи со владините преставници, велат од Стејт департментот.
Се наведува дека С. Македонија нема „едношалтерски систем“ за СДИ, и затоа инвеститорите се принудени да се насочуваат низ неколку бирократси институции за да ги реалзираат нивните инвестиции.
Сепак „Владата оддржува контакти со крупните странски инвеститори преку чести средби и формални анкети за добивање повратна информации. Крупните инвеститори имаат директен пристап до владините лидери, кои можат да ги контактираат за помош во разрешување на проблеми. Советот за странски инвестиции ги застапува странските инвеститори и советува како да се подобри бизнис климата.