Како што рече тој, злото од кое произлегува корупцијата и се шири низ сите пори на општеството е директно вкоренето во Владата и повторно ќе потенцирам има име и презиме, Зоран Заев.
-Човекот што лаже и краде без срам со цела своја фамилија, човекот што е една од главите на нарко картелот Заеви, ја навредува интелигенцијата на граѓаните велејќи дека третиот ешалон бил извор на корупција. Епа, да потсетиме уште еднаш Зоран Заев лично земаше по едно евро за него едно евро за црквата. Има ли поголем показател за најпрвиот меѓу првите ешалони дека е најкорумпираното суштество што некогаш газело по Република Македонија. Има ли покорумпиран човек од Зоран Заев, кој што самиот си легализираше дивоградба на неговото семејство, комплексот Цареви Кули. Надвор од закон, надвор од се. Има ли покорумпиран човек кој стимулира корупција, штитејќи ги криминалците како Драги Рашковски, Венко Филипче, Оливер Спасовски? Нема. Зоран Заев е најголемиот криминалец и митаџија помеѓу власта, човекот кој е пример и извор на мито и корупција. Уште еднаш јавно да прашаме, каде заврши Луј Витон чантата од рекетот, за кој сите јавно слушнаа дека чантата треба да се бара во семејството Заеви?, прашува Арсовски.
Одговорност за криминалот и корупцијата мора да има и ќе има.
Секој еден кој се огрешил пред законот ќе одговара.