Во изминатите 24 часа, во Црна Гора се регистрирани 145 нови случаи на инфекција со коронавирус, од 2.343 анализирани примероци, а нема пријавени смртни случаи.
Меѓу заразените има 13 туристи, објави Институтот за јавно здравје на Црна Гора во саботата, 31 јули.
Најмногу нови случаи се регистрирани во Будва – 33, потоа Подгорица со 30, Никшиќ, Херцег Нови и Цетиње со 14, Котор 13, Бар 11, Тиват шест, Беране и Улцињ по два и Плав, Тузи, Колашин и Забjак по еден.
Пријавено е заздравување на 31 пациент, така што 856 случаи на инфекција се моментално активни.