По повод државниот празник 2-ри Август- Илинден, утре делегација предводена од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе биде присутна во струшко Ташмаруништа почнувајќи од 11:00 часот.
Мицкоски ќе одржи говор на настанот.
Дополнително, делегации на ВМРО-ДПМНЕ ќе положат цвеќе и на следните места:
Делегација предводена од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски ќе присуствува во Крушево, при што во 11:30 часот ќе положи цвеќе на гробот на Никола Карев (комплекс „Македониум“), во 12:15 часот ќе положи цвеќе на споменикот на месноста „Слива“ и во 13:15 часот ќе биде дадена изјава за медиуми на месноста Мечкин Камен.
Делегација предводена од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски ќе учествува во одбележувањето во Скопје.
Делегацијата предводена од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски ќе положи цвеќе пред Меморијалниот центар „АСНОМ“, Пелинце.