Во овој момент пет хеликоптери од кои два македонски и три српски се на пат кон Пехчевскиот регион и заедно, со сета сила, ќе удрат по големот пожар кој се заканува на околните села, напиша на социјалните мрежи директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов,
Без паника!
Безбедноста на луѓето на прво место!
Доколку некој е загрозен од пожарот веднаш нека се одалечи на безбедно.
Нови куќи се прават, нови дрвја ќе пораснат, изгубените животи на луѓето нема да се вратат!, напиша тој.