Останатите два жаришта кои се наоѓаат кај Довезенце и Јачинце – Мургаш се ставени под контрола.
– Трите активни жаришта ги гасевме до три часот утрово. Двата се целосно угаснати, но остана противпожарна патрола од месно население која дежура. Последното жариште е локализирано, ставено под контрола и имаме уште една екипа таму, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.
Ридот Липец гореше цела ноќ од двете страни кон Довезенце и Мургаш. Од огинот беше зафатена нискостеблеста шума и сува трева.