– Екипите и вчера работеа на овој потег и денеска ќе работат на ова жариште кое се наоѓа на непристапен терен, високо планинско место, изјави Трајковски.

Според информациите на противпожарната единица Старо Нагоричане, една екипа дежура на пожарот во Челопек, каде вчера избувна пожар во два наврати. Првиот пат во пладневните часови и беа зафатени поранешни воени бараки и вториот пат куќи, објекти, добиток, стрништа. На оваа локација сè уште има тлеење.

Од МВР велат дека нивна екипа е на терен и со информации ќе излезат во текот на денот.