Во Скопје ќе преовладува претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната до 32 степени.

Од УХМР информираат дека во наредните денови не очекува променливо и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи.

Во петок попладне претежно во јужните делови ќе има локален пороен дожд и грмежи. Променливо облачно и нестабилно ќе биде и во сабота, кога на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со појава на град. Од недела следува период на стабилно и топло време.