Во изминатите четири недели во САД е забележан драстичен раст на смртноста со дневен просек од 769 случаи, што е највисока стапка од средината на април.

Според информации добиени од сојузните држави, вчера во земјата од Ковид-19 починале 1.017 луѓе, додека вкупниот број починати од почетокот на пандемијата е нешто помалку од 623.000, најмногу од било која друга земја во светот.