Еве да фрлам ракавица, дали причината поради која нема лични карти е обидот да се намести тендерот за обрасци за лични карти, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар николоски на гостувањето во емисијата Жешко политичко лето што се емитува на телевизија Канал 5.
„Мислам дека јас секогаш се обидувам кога настапувам вака јавно и од ова студио сум кажал многу работи кои екслклузивно прв пат илзегле. Еве да прашам дали причината е тоа што се прави обид да се намести тендерот за обрасци за лични карти. Зошто? Затоа што и во моментов има закон според кој може да се издаваат лични карти, не е дека во Македонија нема закон за лични карти. Па како сите ние имаме лични карти, како се издавале лични карти во минатото. Секако, според закон“, посочи Николоски.
Но, прашањето е, укажа тој, „дали ова тактизирање од страна на власта е заради овој обид сличен како канадерите за гаснење на пожари кои намерно не беа сервисирани со цел да дојдеме во ситуација да гори пола Македонија и да мора да се сервисираат со договор во 4 очи кој може да е коруптивен, наместен“.
Според него власта мисли само на местење тендери.
„Единствено на што размислува власта на Заев е криминал, затоа оваа власт може да се сруши со обединета опозиција која е против корупција, против криминалот“, заклучи Николоски.