По големото олимписко финале, кое им беше доверено на Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, и добивањето на петтиот интернационален пар во името на браќата Илиевски, сега уште еден судиски пар доби големо признание.
Виктор Начевски и Даниело Божиновски се делегирани да го водат финалниот дуел од ЕХФ шампионат за играчи до 19 години во Варна.
Начевски и Божиновски ќе им судат на Фарски Острови и Белорусија попладнево во 18:00 часот.
Победникот од дуелот ќе се пласира на ЕХФ Еуро првенството, а поразениот ќе игра квалификации.