Врнежите сега можат да бидат 19 проценти поинтензивни во овие области, отколку што беа пред глобалните атмосферски температури да пораснат за 1,2 степени Целзиусови над пред индустриските температури, се наведува во истражувањето на група научници од World Weather Attribution (WWA), пренесено од британските медиуми.
-Ваквите појави дефинитивно ќе ги имаме повеќе во контекст на глобалното затоплување, изјави еден од лидерите на истражувањето, Фредерик Ото, климатолог од Универзитетот во Оксфорд.
Со оглед на тоа што екстремните временски настани доминираат во вестите во последниве години, научниците се под зголемен притисок да одредат точно колку климатските промени се одговорни за нив.
Научниците потврдуваат декла само минатата година американската суша, смртоносниот канадски топлотен бран и пожарите низ сибирскиот Арктик беа влошени од загреаната атмосфера.
Врнежите од дожд во Европа од 12 до 15 јули предизвикаа поплави што однесоа куќи и далноводи, при што загинаа повеќе од 200 лица, главно во Германија, додека десетици загинаа во Белгија, а илјадници беа принудени да ги напуштат своите домови во Холандија.
Иако оваа поплава беше без преседан, 39 научници од WWA открија дека локалните форми на врнежи се многу променливи.
Тие ја спроведоа својата анализа во поширока област што се протега низ делови од Франција, Германија, Белгија, Холандија, Луксембург и Швајцарија и користеа локални временски записи и компјутерски симулации за да го споредат настанот од поплавата во јули со она што можеше да се очекува во светот на кој климатските промените не влијаеја.
Бидејќи потоплиот воздух задржува повеќе влага, летните дождови во овој регион сега се три до 19 проценти пообилни отколку што би биле без глобалното затоплување, а веројатноста за вакви екстремни врнежи се зголемува 1,2 до девет пати – или 20 до 800 проценти, и тој широк опсег на несигурноста делумно се објаснува со недостаток на историски записи, велат научниците
-Ова истражување потврдува дека глобалното затоплување одигра голема улога во катастрофата со поплавите, вели Стефан Рамсторф, научник и океанограф од Институтот за истражување на влијанието врз климата во Потсдам, кој не беше вклучен во студијата.
Тој об јаснува дека сето ова е во согласност со наодите од неодамнешниот извештај на ОН за климата, кој покажа дека екстремните врнежи се зголемени ширум светот.