– Ако победиме на локалните избори првата работа што ќе се случи ќе биде промена на Владата во рамките на ова Собрание. Една Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ се фати со проблемите што ги имаме, пред се во делот на коронавирусот и секако да одиме на предвремени парламентарни избори, рече Николоски одговарајќи на новинарско прашање.

Во однос на вчерашната кампања на власта тој вели дека „уште еднаш се покажа дека владата ја интересираат се пари“. Тој потсети дека Македонија последна доби вакцини во Европа, а потсети и за аферата со кинеската фантом фирма.