Сите заинтересирани кандидати за реонски попишувачи можат да се пријават на онлајн апликацијата достапна на www.stat.gov.mk и popis2021.stat.gov.mk.
Конкурсот беше отворен на 20 јули, но потоа беше продолжен до 25 август.
Државниот завод за статистика, информира дека ќе биде организирано дополнително тестирање на досега пријавените кандидати, додека списоците на досега пријавените кандидати и информациите за времето и местото на тестирање се објавени во комисиите на пописните реони. Контактите со овие комисии и дополнителни информации поврзани со тестирањето се достапни на линкот: https://popis2021.stat.gov.mk/
Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија ќе се одржи од 5 септември до 30 септември 2021 година.
Во меѓувреме продолжува електронското самопопишување на државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство. Самопопишувањето на македонските државјани во странство ќе трае до 30 септември, кога завршува Пописот на Пописот на населението, домаќинствата и становите.