– Една од најзначајните мерки на Министерството и Владата која јасно ја дефинира искрената ориентираност кон земјдеолскиот сектор е точно мерката зелена нафта, за која денес сум тука присутен да ги поделам картичките за зелена нафта за земјоделците од подрачната единица на Тетово која ги опфаќа и општините Желино, Теарце и Јегуновце Брвеница. Со ова се покрива 50 отсто од потрошеноста на нафтата за земјоделските цели како што сме ветиле. Намерата е да се зголеми процентот на покриеноста на оваа дејност и тоа очекуваме до крај на мандатот да биде до 100 отсто Покажуваме дека се гриужиме за земјоделците дека навистина сакаме секторот да го ориентираме во делот на развојот, да биде развојна компонента, економски добро развиени општини и региони и тоа значи дека ќе имаме подобри земјоделски услови во самата држава, изјави министерот Хоџа.

На забелешките на земјоделците дека овие картички се потребни на почетокот на годината, министерот образложи дека потребно било да се спроведат процедурите со оглед на тоа дека се трошат буџетски пари.

– Постапката е почната во април месец, зборуваме за постапки кои ние како Влада и Агенцијата мора да ги почитуваме, средствата беа обезбедени и пред ребалансот, завршената е постапката и има добитник на таа постапка и сега почнува процедурата за доделување. Тие сега ќе можат да ги искористат до април наредната година, рече министерот.

Вкупната инвестиција на државно ниво е над 220 милиони денари за 50 илјади корисници.