Министерот за внатрешни работи Џељаљ Свечља за Радио слободна Европа изјави дека се очекува на Косово да пристигнат околу 2.000 лица од Авганистан.

– Разговараме со нашите партнери за да ги видиме потребите за домување на Авганистанците, а потоа да ги пресметаме потенцијалите или можностите Косово да ги прими. Бројот за кој зборуваме, и секогаш зборуваме за привремено сместување, е околу 2.000, рече Свечља.

Покрај Косово и Македонија, и Албанија ќе ги прими повеќе Авганистанци од претходно најавеното.

Ако се споменуваа 2.000 до 3.000, сега се зборува за околу 4.000 бегалци.

Македонија, според она кое е познато до сега, ќе прими 780 луѓе од Авганистан.