Човекот кој на свои плеќи ги износе тешките преговори за Брегзит, во февруари годинава ја формираше групата наречена „Патриот и Европеец“ околу која ги собера своите истомисленици. Групата беше официјално промовирана за време на состанокот на пратениците и сенаторите на конзервативата партија „Републиканци“ во Националното собрание, на кои од крајот на март над глава им стојат мношто идеи за различни политички прашања.
Барние е четвртиот политичар на десницата, кој ре реши да му се спротивстави на актуелниот претседател Емануел Макрон на изборите следната година.
-Многу е важно да се обединат десницата и центарот. Под контрола да ја ставиме имиграцијата, да ја вратиме почитта кон работата во срцето на нашето општество и да се декарбонизира нашата економија, рече поранешниот еврокомесар Мишел Барние, кој се смета за еден од најспособните политички фигури на десницата – проевропееци бранителот на Франција во Европа.