Таа воедно информира дека енешниот ден го завршува со собрани потписи за кандидатурата.

– Ви ветувам дека заедно ќе го направиме градот метропола со која ќе се гордееме. За Скопје од нас, за наше Скопје. Време е за брзи и ефикасни решенија за нашиот град, бидејќи сите сакаме да живееме во убав град.
📌Сега како официјален независен кандидат за градот Скопје би сакала да повторам зошто сум независен кандидат. Јас не сум член на политичка партија и ја барам поддршката од сите граѓани и партии да ме поддржат. Горда сум на скопјани, на нивната енергија и горда сум што сум нивен кандидат. Секоја поддршка е добредојдена.
❗Само добар менаџер може да го спаси Скопје од сивилото. Доста ни е од приказни дека требаат години да се смени сегашната стагнација на градот. Потребни се луѓе кои се енергични, со искуство и со јасна визија каде оди градот. Доста е од големи неисполнети ветувања, секој проект се завршува навреме ако е реален и издржан. Затоа повторувам, за две години можни се проекти и тие ќе бидат остварени. Секој што работел со мене знае дека во секој проект давам 100% од својата енергија за да успее.
🍀 Влегувам во оваа трка за градоначалник со чисто срце и јасна визија.
Уште еднаш, Ви благодарам за денешната поддршка и одиме на победа!, напиша Арсовска на „Фејсбук“.