Во целост пренесуваме текст и видео од прес-конференцијата на Атанасовски:

Денес имаме невработеност, отсуство на странски и домашни инвестиции, младите и старите секојдневно се иселуваат, а основните егзистенцијални проблеми на каменичани, како водоснабдување и одвод на води, пристап до патна инфраструктура – останаа нерешени. Со Македонска Каменица владеат безидејни и корумпирани локални шерифи, чие неработење ја претвори Македонска Каменица од најпросперитетен град во црна дамка на Истокот.

Со други зборови – сегашната власт мора итно да си оди.

Денес ќе ги презентирам клучните проекти од нашата програма со која јас како градоначалник и нашите советници од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја направиме Македонска Каменица да биде најпросперитетната општина на Истокот.

– транспарентна општина со еднаков пристап на сите граѓани

– изградба на пензионерски дом

– смарт општина во функција на граѓаните

– ефикасно јавно претпријатие во служба на граѓаните и нивните потреби

– уредување на градската депонија по европски терк

– субвенционирање на старите станбени згради за поставување на енергетски ефикасни фасади

– поддршка на невладиниот сектор, спортски и културни друштва.

Овие се само дел од проектите кои локалната власт во соработка со граѓаните ќе ги реализира во мандатот од 2021 до 2025 година.

Каменичани заслужуваат многу повеќе од она што го понуди сегашната власт во Македонска Каменица, порача Атанасовски.