Нови правила има за влез во Албанија, а од утре на сила е и полициски час. За влез во Албанија од 6 септември ќе биде потребна потврда за вакцинација, ПЦР тест не постар од 72 часа, брз тест не постар од 48 часа или сертификат за прележан коронавирус не постар од 6 месеци.

Доколку некој ги нема соодветните документи му следува 10-дневен карантин. За деца на возраст до 6 години не се потребни никакви документи. Задолжително е носење маски на затворено. Полицискиот час кој се воведува ќе почнува од 23 часот навечер и ќе трае до 6 часот наутро.

Поради високите бројки на заразени со коронавирусот, земјите воведуваат ограничувања.