Очекувам интересна трка на локалните избори. Објавените имиња се според моите очекувања посебно објавените имиња од страна на власта, кај опозицијата има неколку изненадувања, пред се кандидатката за градоначалник на Скопје, каде што мислам дека трката ќе биде најинтересна, вели новинарот Бранко Героски во вечерашното интервју во емисијата Жешко политичко лето на Канал 5 телевизија.
Во секој случај, мој впечаток е дека граѓаните овој пат имаат избор и очекувам секој да постапи според сопственото определување и да го избери она што смета дека е најдобро, истакна Героски.
За одлуката на ВМРО-ДПМНЕ за поддршка на кандидатот за градоначалник на Град Скопје Данела Арсовска, Героски смета дека е интересен несекојдневен кандидат, бидејќи како што рече таа е успешна жена менаџер.
Тука е еден несекојдневен кандидат кој што го поддржува ВМРО-ДПМНЕ, жена менаџер, успешен, рече Героски.