Како што информираа од Министерството за одбрана, тој ги изразил неговите симпатии и сочувство за борбата против шумските пожари во Македонија.

– Изразив и благодарност за учеството на трупите на Северна Македонија во мисијата КФОР, подвлекувајќи ја силната посветеност на Алијансата на безбедноста на Западен Балкан. Сојузничката команда на здружените сили во Неапол се надева на уште повеќе можности за соработка со гордата и способна Армија на нашата најнова членка на НАТО во понатамошните вежби и мисии на Алијансата, потенцираше Бурк.