-Ова е крајно штетна власт, единствениот начин, и било каква глупост дали тоа на „С“, Бугарскиот договор и било каков друг договор, но и било каква друга штета која се прави врз државата, единствен начин да се смени тоа е граѓаните масовно да излезат на избори и да гласаат, посочи Александар Пандов.
Пандов вели дека само со масовното излегување на гласање може да се делигитимира Зоран Заев.
-Освен гласање против оваа власт не постои друг начин, ако некој мисли дека бојкотирајќи или дома седејќи може нешто да придонесе и дека со тоа ќе направи нешто добро за својата држава или своето семејство, тој човек е во тешка заблуда, вели Пандов.
Пандов објасни дека ако има мала излезност, власта има начини како да поткупува гласови со црни пари, дека СДСМ ќе ги извади своите стандардни гласачи, но другиот дел од населението кое е разочарано од локално или национални проблеми, може да се стави крај на нив ако луѓето излезат и гласаат, затоа што оваа власт си игра мајтап со државата, вели тој.