Стефковски во својата презентација истакна дека уште сега во Гази Баба се чувствува позитивната енергија за убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ.
– Посебен момент на радост е кога во превечерието на денот кога одбележуваме 30 години независност на Република Македонија се собравме овде во Гази Баба, место каде што се чувствува позитивна енергија за победата на ВМРО-ДПМНЕ! Многу голема, многу убедлива, порача тој.
Стефковски меѓу другото истакна дека тој како човек целиот живот го поминал во Општина Гази Баба и дека тој знае точно што треба низ секоја улица на општината.
– Како човек кој целиот досегашен живот го помина во општината, кој минал низ секоја населба, низ секоја улица точно знам што е потребно за развој на Гази Баба. Многу недостатоци се наталожени изминатиов период но со посветеност и решителност, заедно со вас ја понесувам одговорноста за преобразба на нашиот заеднички дом-општина Гази Баба, вели тој.
За локалната самоуправа да биде успешна, граѓаните најпрво овде мора да го почувствуваат функционирањето на институциите, да бидат во редовен и непосреден контакт со оние што ги претставуваат, советниците и градоначалникот. Тоа е едно од моите темелни ветувања, достапноста и отвореноста бидејќи јас како градоначалник ќе бидам ваш претставник и потполно сум свесен за одговорноста која ми ја давате, порача Стефковски и додаде дека:
-Токму затоа, подолго време јас и мојот тим работиме на програмата која треба да понуди решенија на сето она што не мачи сите. Изминатиот период сме во постојани директни средби со граѓаните и програмата се содржи од идеи и предлози кои вие ги дадовте, а ние нудиме решенија за нивна реализација.
Стефковски меѓу другото наброи и неколку планови кои би почнал да ги реализира уште од првиот ден по неговиот избор за градоначалник.
– Планирам веднаш да се зафатам со најгорливите предизвици со кои се соочуваме а тоа се заштитата на животната средина и зголемувањето на јавната чистота. Првиот ден, по мојот избор за градоначалник на Општина Гази Баба ќе донесам решение за запирање на постапката за отворање на нова тешка загадувачка индустрија во кругот на Железара, која градоначалникот во заминување ја има започнато. Наместо отворање на нови капацитети за загадување, ние во нашата програма предвидуваме засадување на повеќе од 500.000 дрва на територија на Општина Гази Баба во следните четири години, зголемување на површини за паркови и парковски зеленило, како и расчистување на сите диви депонии на наша територија. Без здрава животна средина илузорно е да се зборува за се друго, рече тој.
Гази Баба, вели Стефковски, мора од потенцијален градски загадувач да стане зелена општина.
Тој порача и дека депонијата во Вардариште за која и покрај сите апели до сега ништо не се превзема ќе биде затворена, и ќе биде изграден нов спортско – рекреативен центар.
– Во приоритети на идната локална власт на ВМРО-ДПМНЕ е згрижувањето на децата од предучилишна возраст, за таа цел предвидуваме изградба на 4 нови детски градинки и тоа во Трубарево, Сингелиќ, Инџиково и Ќерамидница. Со отворањето на овие градинки, долгите листи на чекање за запишување на деца во детските градинки во Општина Гази Баба ќе станат минато, порача Стефковски.
Тој исто така порача и дека е предвидено и решавање на водоснабдувањето и чиста вода во Раштак, Брњарци и Страчинци, а се обрзува и дека во овој мандат ќе изгради нова училишна зграда на ОУ К.Мисирков за учениците од Ченто, како и изградба на четири училишни спортски сали и тоа: спортска сала за учениците од Глигор Прличев во Железара, 25 Мај во Ченто, и за учениците во Наум Охридски во Црешево и Булачани. Со изградбата на овие училишни сали според него ќе се подобрат условите во согласност со современите стандарди за реализација на наставните часови.
Стефковски наброи и уште неколку проекти за кои вети дека ќе ги реализира во текот на неговиот четиригодишен мандат како градоначалник:
– За да го потикнеме водењето на здрав живот кај младите луѓе ќе поставиме фитнес справи во сите населени места, ќе изградиме голем број на мултифункционални игралишта и баскет терени. Бесплатни ви фи зони е само одговор на барањата кои стигнаа до нас од младата популација. Во своите приоритети ги имаме и повозрасните лица, пензионерите кои заслужуваат да имаат што повеќе пензионерски клубови за подобар социјален живот и поквалитетно да го поминуваат слободното време. Нудиме решенија и за сообраќајниот метеж и недостатокот од паркинг места кој ги оптеретуваат жителите од урбаните населени места, особено Автокоманда, Ченто, Маџари. Предвидуваме изградба на катни гаражи во Автокоманда и Ченто и нови паркинг површини во урабните средини. Програмата предвирува и проекти за подобрување на сообраќајната и патната инфраструктура, реконструкција на културните центри, изградба на спортско рекреативни комплекси, развој на индустриските зони, рамномерен просторен развој и многу други проекти, рече тој.
Идниот градоначалник на Општина Гази Баба Бобан Стефковски порача дека сака да биде градоначалник на сите граѓани.
– Сакам да бидам градоначалник на сите независно на етничката, верската или политичката припадност. Ги повикувам граѓаните Македонци, Албанци, Роми, Турци, Власи, Срби, Бошњаци и останати да се приклучат на новото време! Македонија на сите луѓе!, рече Стефковски.