Овој чекор на раководството на СДСМ, кое во исто време извршува и државни функции покажува непочит и омаловажување кон сите граѓани на државата. Непристојно е пратеник, кој е член на законодавната власт во Република Македонија да замине од настан по повод државен празник каде градоначалник се обраќа пред сите граѓани.
Додека градоначалникот Димитриевски упатува благодарност до сите досегашни претседатели на државата, на неколкуте владини состави, како и до сите пратеници во Собранието кои овие 30 години и служеа и сѐ уште и служат на државата, вклучувајќи го и пратеникот Мартин Костовски, истиот Костовски реши суетата да му биде поважна на ваков голем празник за земјава.
Кандидатот за иден градоначалник Оливер Илиевски со своето заминување на сред обраќање на актуелен градоначалник покажа дека нема капацитет да води општина како Куманово поради разликите кои ги покажа на Денот на независноста. Идниот градоначалник треба да биде градоначалник на сите граѓани и на оние кои го поддржуваат, но и на оние кои не го поддржуваат. Со ваквата дрска постапка, Оливер Илиевски докажа дека единствена функција која му прилега е секретар на општинска организација.
Извор: Кумановски муабети