-Граѓаните чекаат информации, а институциите молчат. Апелираме до владата Венко и Заев да излезат во јавноста и да споделат се со јавноста што до сега е откриено. Трагедијата која се случи во Тетово е национален траор кој ја потресе целата нација. Нашите мисли и молитви се со семејствата на починатите, но и желби за брзо закрепнување на сите повредени, истакнуваат од опозицијата.
Очекуваме владата навремено да ги информира граѓаните, но и да спроведе се што е потребно за помош на терен, за семејствата на починатите и за повредените, додаваат од таму.