Според Димовски потребно е ре-преговорите на Законот за попис, бидејќи самиот закон има методолошки пропусти и нема да ги даде точните резултати кои ќе бидат од корист.
Јас ја извадив информацијата дека четири инструктори на попишувачите веќе се заразени од корона. Ние не добивме од Државниот завод за статистика дали тие инструктори имале контакт со попишувачите, дали биле во затворена просторија итн. Тука има еден праг на нетранспарентност целосна која што може да загрози нечии живот. тоа е здравиот разум, но има и втора линија, не само одложување од здравствена причина туку и од ре-преговарање на Законот за попис , методолошки има пропусти. Ваков попис не е ниту по стандард на ЕВРОСТАТ, ниту пак ќе даде резултати кои што ќе ни бидат од корист, вели Димовски.
Пописот вака нема да даде резултат колку луѓе живеат во Велес, во Кавадарци, во Гостивар или колку луѓе живеат во Свети Николе. Ние ќе имаме погрешни бројки и во следните десет години ќе правиме проценки, анализи, инвестиции врз база на погрешни бројки, истакна тој.