На улицата „Финска“ во Скопје вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А. А.(32), кој се барал по потерница поради бегство од затвор.

Како што информираат од МВР, тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово, за доиздржување казна затвор од три години и пет месеци за сторени кривични дела по член 215 став 1 и член 383 став 2 од Кривичниот законик.