Николов и Начевски важат за едни од најдобрите судии на светот и воопшто не е изненадување што се дел од 18 двојки делегирани за 15 Европско првенство, второ со вкупно 24 репрезентации.

Сите овие арбитри ќе имат задача да ја делат правдата на 65 мечеви, а интересно на листата има многу судии кои доааат од Балканот, па освена Славе и Ѓорѓи тука се Матија Губица/Борис Милошевиќ (Хрватска), Иван Павичевиќ/Милош Ражнатовиќ (Црна Гора), Бојан Лах/Давид Сок (Словенија) и Ненад Николиќ/Душан Стојковиќ (Србија).

Да потсетиме Македонија на шампионатот кој се игра од 13 до 30 јануари во првата фаза ќе се соочи со Данска, Словенија и Црна Гора.