Двајцата функционери ги депонираа оставките по пожарот во тетовската модуларна болница, но премиерот Зоран Заев не ги прифаќа засега и вели дека прво треба да заврши истрагата. Тоа за ВМРО-ДПМНЕ е само игра пред јавноста.

– Првиот чекор е до вторник рано претпладне е рок кој им го даваме на министерот и другите да ги достават до Собранието. Има закажана нова седница за истиот ден. Доколку не бидат доставени, ќе поднесе предлог-одлука до Собранието за разрешување на министерот и предлог-заменикот, рече Мицкоски.

Тој додаде дека надлежен орган за доставување на оставките е Собранието, а Заев таму нема намера да ги достави депонираните оставки.

Мицкоски додаде дека интерпелација нема да биде поднесена затоа што „фиоките на претседателот на Собранието, Талат Џафери, веќе се преполни“.